Испорака
Испораката се врши само на територијата на Република Македонија.
Рок на испорака
Рокот на испорака е до 5 работни дена.Преземање на пратки
Курирот ја доставува пратката до одредената адреса на купувачот во периодот од 09:00 до 16:00 часот. Ве молиме во моментот на доставата да обезбедите лице кое ќе биде присутно за подигнување на нарачката на адресата која ја имате приложено. Доколку курирот не успее да Ве пронајде на адресата, тогаш повторно телефонски ќе Ве исконтактираат на бројот кој го имате оставено при креирањето на нарачката и ќе може да се договорите за нов термин на испорака. Доколку и при вториот обид курирот не успее да Ве пронајде тогаш пратката ќе биде вратена кај нас.Цена на Испорака 130-160 денари
Цената за достава на производи над 3.000,00 денари е бесплатна.
Сите информации околу производите кои се изложени на нашата онлајн продавница се стремиме да бидат конкретни, точни и прецизни, меѓутоа не можеме да гарантираме дека сите производи во моментот се достапни на залиха. Фотографиите се најверодостојниот приказ на производот.
ПРОЦЕДУРА ЗА ЗАМЕНА НА ПРОИЗВОДИ
Доколку по прием на нарачаниот производ заклучивте дека сакате да го замените за друга големина или друг производ за ист, понизок или повисок износ, Ве молиме да ни испратите е-маил на info@tuctucandfriends.mk. Неопходно е да го имате бројот на нарачката и да ни го кажете кодот на производот и големината која Ви одговара за кој сакате да го замените иницијалниот производ.
Производите се заменуваат само под условите пропишани во Законот за заштита на потрошувачите.
Откако ќе биде поднесено барањето за замена се врши системска и физичка проверка во кој малопродажен објект е достапна бараната големина, односно бараниот производ по што добивате насоки и објаснување на процесот за замена на потребната големина, односно замена на производот за друг.
Производот кој сакате да го вратите мора да бидe неоштетен, неперен и спакуван во неговото оригинално пакување со етикета, декларација. Исто така, нарачаниот производ не може да се менува доколку истиот е носен.
По приемот на барањето за рекламација, ја известуваме курирската служба да го подигне производот кој што сакате да го замените од вашата адреса и да го врати во продавница.
Откако производот ќе се врати во продавница, ќе се утврди дали производот е во правилна состојба и неоштетен. Доколку се утврди дека настанало оштетување на производот по вина на купувачот, ќе биде одбиена замената и производот ќе биде вратен на купувачот на негов трошок.
Замената се реализира во рок од 15 дена по направената нарачка, само доколку производот не е отворен, употребуван и пакувањето е неоштетено. Доколку производот се врати во неисправна состојба отворен, испробан и оштетен нема да се прифати замена или рекламација.
РОК ЗА ЗАМЕНА
Процедурата за замена на производи купувачот може да ја започне најдоцна во рок од 15 дена од прием на производот. Потоа, рокот за замена на големина на производ е 15 дена од моментот на поднесување барање од страна на купувачот, по прием на производот.
ТРОШОЦИ ЗА ДОСТАВА
Трошоците за замена на производи се на товар на купувачот, во износ од 130 ден., освен во случаите кога купувачот добил неисправен или погрешен производ.